Поради планот на Мадрид, Израел ја „прекинува врската“ меѓу шпанскиот конзулат и Палестинците

Израел, тенк, фото: ЕПА

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац соопшти дека одлучил да ја „прекине врската“ меѓу шпанската дипломатска мисија и Палестинците на окупираниот Западен Брег, како одговор на планот на Мадрид за формално признавање на палестинска држава.

Решив да ја прекинам врската помеѓу шпанското претставништво во Израел и Палестинците и да му забранам на шпанскиот конзулат во Ерусалим да им дава услуги на Палестинците од Западниот Брег“, рече Кац во објавата на X, додавајќи дека тоа е „одговор за признавањето на палестинската држава од страна на Шпанија и антисемитскиот повик на заменик-премиерот на Шпанија  „да се ослободи Палестина од реката до морето“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот