Фото: Profimedia

Поради неа стана секс симбол: Кошулата на Колин Фирт од „Гордост и предрасуди“ продадена за 25.000 фунти

Кошулата која ја носеше англискиот актер Колин Фирт (63) во телевизиската адаптација на книгата „Гордост и предрасуди“ („Pride and Prejudice“) во 1995 година, сега е продадена за 25.000 фунти на аукција, пишува „Скај њуз“.

Откако го отелотвори ликот на г. Фицвилијам Дарси, Фирт преку ноќ стана секс симбол. Особено впечатлива беше сцената во која излегува од езеро, целосно мокар во бела кошула, и налетува на неговата љубовница Елизабет Бенет, која во серијата ја одглуми актерката Џенифер Или.

Легендарната сцена од „Гордост и предрасуди“ / Фото: Courtesy Everett Collection / Everett / Profimedia

Белата ленена кошула беше продадена вчера во Лондон, како дел од продажбата на креации „Светла, камера, акција“ на БАФТА и „Коспроп“. Таа беше прикажана заедно со чизмите, панталоните и кадифениот елек што актерот, исто така, ги носеше во познатата сцена, некогаш избрана за најнезаборавниот телевизиски момент во Велика Британија.

Костимот беше еден од 69-те дизајни на вчерашната аукција што ги носеле други познати актери, вклучувајќи ги Мерил Стрип и Џони Деп. Костимот на Фирт се очекуваше да достигне цена помеѓу 7.000 и 10.000 фунти, но нивната проценка на крајот беше повеќе од двојно поголема.

Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Костимографката Дина Колин откри дека таканаречениот „момент на влажна кошула“ никогаш не бил во сценариото.

„Бидејќи машката голотија не беше дозволена на екранот, се роди идејата за ‘влажна кошула’. Нашата идеја беше да го снимаме Колин Фирт само во ленена кошула која се лепи за неговото тело. Сцената тогаш предизвика сензација и преку ноќ го трансформираше од почитуван класичен актер во секс симбол“, изјави Колин.

Приходите од аукцијата ќе бидат наменети за Фондацијата „Брајт“, добротворна организација за уметничко образование основана од костимографот и основач на „Коспроп“ – Џон Брајт, добитник на Оскар.

„Моето животно дело беше посветено на костимографија за филм, телевизија, театар и се чувствувам неверојатно среќен што можев да продолжам по тој пат. Цврсто верувам дека уметноста и креативноста можат да обликуваат посреќни и поздрави деца и да им овозможат на младите да го остварат својот целосен потенцијал“, рече Брајт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!