
Поради љубовна врска со колешка доби отказ – „Нестле“ го отпушти извршниот директор
Швајцарскиот прехранбен гигант „Нестле“ го отпушти извршниот директор Лоран Фрекс поради тоа што не пријавил романтична врска со вработена. Фрекс, кој ја презеде функцијата пред само една година, го прекрши кодексот на однесување на компанијата, што доведе до негово ненадејно заминување.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Нестле“ објави дека Фрекс ќе го наследи Филип Навратил, искусен менаџер кој претходно го водеше секторот за кафе „Неспресо“. Оваа драматична одлука ја надгледуваа претседателот Пол Булк и независниот директор Пабло Исла.
„Ова беше неопходна одлука“, рече Булк во официјално соопштение. „Вредностите и управувањето на „Нестле“ се силните темели на нашата компанија. Му благодарам на Лоран за неговата долгогодишна работа.“ Булк додаде дека стратешката насока на компанијата нема да се промени и дека нема да го изгуби својот деловен моментум.
Шокантниот потег носи дополнителна неизвесност за „Нестле“ кој веќе се соочува со тешки пазарни услови и закани од глобални тарифи. Компанијата во јуни објави дека долгогодишниот претседател Булк, исто така, ќе се повлече следната година- објави Каматица.
Ненадејното заминување на Фрекс е уште една во низата промени во менаџментот во глобалната компанија за стоки за широка потрошувачка оваа година, а слични ситуации се случуваат и кај конкурентите како што се Unilever, Diageo и Hershey.
Навратил, наследникот на Фрексе, ја започна својата кариера во Nestlé во 2001 година. Пред да го преземе раководството на Nespresso во 2024 година, тој имаше различни менаџерски позиции, вклучително и директор на Nestlé за Хондурас и Мексико. Тој се приклучи на извршниот одбор на „Nestle“ на 1 јануари оваа година.