Поради екстремен притисок од фановите: Јужнокорејска пејачка раскина со момчето за да ѝ се посвети на кариерата

Фото: Casey Flanigan/imageSPACE / Shutterstock Editorial / Profimedia

Јужнокорејската пејачка Карина доби голем број критики откако јавно призна дека е во романтична врска со актерот Ли Џе-вук претходно оваа година.

По екстремниот притисок од нејзините обожаватели, агенцијата на Ли го потврди нивното раскинување, во чие соопштение се вели дека тој сака да се „фокусира на неговите филмски проекти“.

Оттаму додадоа дека двајцата „ќе продолжат да се поддржуваат меѓусебно како колеги“, пренесува „Би-би-си“.

Музичката група „аеспа“ / Фото: Roger Kisby / Getty images / Profimedia

По бројните критики, лидерката на четиричлената корејска поп група „аеспа“ се извини на Инстаграм, каде што вети дека ќе им ги „залечи раните“ што им ги нанесе.

„Се извинувам што ве изненадив“, напиша 23-годишната девојка и вети дека во иднина ќе покаже „позрела и повредна страна“.

Да потсетиме, фановите на пејачката, наводно, пристигнале со камион до агенцијата на споменатата корејска поп ѕвезда откако дознале дека таа се состанува со актерот, сега нејзино поранешно момче, и на електронскиот билборд на возилото прашале: „Зарем љубовта од фановите не ти е доволна?“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот