Фото: US Open Tennis Championships

Попирин не беше закана за Синер, Италијанецот експресно до осминафинале

Првиот тенисер на АТП листата, Јаник Синер, лесно ја заврши својата работа во третото коло на САДОпен, совладувајќи го Алексеј Попирин со максимални 3-0 во сетови.

Во воведниот сет, Синер го искористи првиот брејк што му се укажа и рутински го доби со 6-3, навестувајќи дека нема да дозволи изненадување.

Попирин целосно потфрли во вториот сет, што Италијанецот го казни со експресно водство и сигурни 6-2.

Истото сценарио се повтори и во третиот сет, каде што Синер со два нови брејка стигна до конечни 6-2, обезбедувајќи си пласман во осминафиналето.

Во следната рунда, најдобриот светски тенисер ќе се соочи со Канаѓанецот Денис Шаповалов, во обид да го продолжи походот кон уште еден грен-слем трофеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот