
Полувреме: Македонија во егал со Естонија – во вториот дел ќе „бркаме“ победа!
Maкедонскиот кошаркари денеска го играат натпреварот од претпоследното коло во квалификациите против Естонија во кој ни е потребна победа од најмалку пет поени разлика за да ги задржиме шансите за пласман и во последното коло во кое ќе играме против Полска.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
По првото полувреме во кое не го започнавме најдобро, сепак успеавме да дојдеме до предност на полувремето од еден поен разлика.
Домаќините подобро го отворија натпреварот и во првата четвртина констатно Естонците беа во водство, иако нашиот селектор со право се пожали на грубата игра на домашните кошаркари врз нашите најдобри поединци Ти-Џеј Шортс и Ненад Димитријевиќ.
Токму тие двајца беа и најрасположени и не дозволуваа Естонија да се „одлепи“. По првиот период Естонија водеше со 22:17.
Стартот од вториот период донесе подобра игра на нашите кошаркари, па така со една тројка на Шортс во 12. минута стигнавме и до израмнување (24-24). Набрзо потоа Шортс беше прецизен и од линијата за слободни фрлања за прво водство на Македонија во натпреварот (24-26).
Во минутите до крајот на првиот двете селекции се менуваа во водството, а на крајот Македонија со забивањето на Маслинко во последните секунди обезбеди водство со 38:39. Најефикасни во нашите редови се Шортс и Димитријевиќ со по 13 поени, додека Маслинко има осум.