Весници во Полска против новиот закон за медиуми/Фото: Vadim Pacajev / Alamy / Alamy / Profimedia

Полскиот Парламент го изгласа контроверзниот Закон за медиуми

Полските пратеници синоќа гласаа за новиот закон со кој, според опозицијата, се обидува да се замолчи американскиот информативен канал што ја критикува владата, пренесува Тајмс.

Вашингтон предупреди дека доколку не се обнови лиценцата за ТВН24 на Дискавери груп, идните инвестиции во Полска би можеле да бидат доведени во прашање, додека опозициските политичари го критикуваат законот како напад врз медиумските слободи.

„Денешното гласање е напад врз слободата, напад врз медиуми што се независни од владата”, коментираше на Твитер Гргегорж Шетина, портпарол на главната опозициска партија, Граѓанска платформа.

Предлог-законот, со кој се заострува забраната за компании надвор од Европскиот економски простор да ги контролираат полските телевизии, беше усвоен со 228 гласови „за”, 216 „против” и 10 воздржани. Законот сега ќе оди на усвојување во Сенатот.

Илјадници Полјаци ширум земјата завчера протестираа против задушувањето на медиумските слободи.

„Дали сакаме полските медиуми да бидат купени од некого од светот, без никакви регулативи, без никакви пречки?”, запраша премиерот Матеуш Моравиецки пред новинарите.

Полска: Протести против закон со кој се задушува независноста на медиумите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!