Полски хотелски синџир нуди награда за парови кои ќе зачнат деца во неговите хотели

Полски хотелски синџир воведува награда за парови кои ќе зачнат бебиња во неговите имоти за да помогне во демографското закрепнување на земјата каде што стапката на наталитет е во постојан пад веќе 12 години.
Синџирот „Арче“, кој се занимава и со недвижности, има 23 хотели, бројни згради и конференциски сали низ Полска.

Оваа компанија вети дека покрај наградата за паровите кои можат да докажат дека го зачнале своето бебе во своите хотели, ќе понуди и бесплатни семејни прослави како што е крштевка на дете.

Полската компанија вети и дека паровите кои ќе купат стан од нив и ќе добијат бебе откако ќе се вселат ќе добијат бонус од околу 2.340 евра, објави телевизијата BFM.

Понудата важи за парови во кои барем еден од партнерите има полско државјанство, живее во Полска и е полнолетен.

Компанијата дава бонуси и на своите вработени кои имаат деца.

Во Полска, во 2024 година, бројот на новородени деца бил за 157.000 помалку од бројот на смртни случаи, а се очекува овој тренд да продолжи и во наредните години, предвидуваат службите за социјална заштита.

На крајот на јуни, Полска имала 37,4 милиони жители, што е за еден милион помалку отколку во 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот