Нетанјаху на денешната владина седница во воената база Кирја - Фотографија ЕПА, Охад Цвигенберг

Полска нема да го апси Нетанјаху ако дојде во Аушвиц

Полските власти соопштија дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да биде уапсен доколку присуствува на комеморацијата на 80-годишнината од ослободувањето на концентрационит камп Аушвиц, јавува АП.

„Секој претставник на израелското раководство кој сака да присуствува на комеморацијата на 27 јануари ќе биде безбеден и нема да биде уапсен“, изјави полскиот премиер Доналд Туск, откако неговиот кабинет усвои посебна резолуција која го регулира ова прашање.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант кон крајот на минатата година за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа. Сепак, Нетанјаху пред неколку недели изјави дека не планира да присуствува на комеморацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!