Полна месечина
Полна месечина / Фото: EPA-EFE/MOHAMED MESSARA

Затемнувањето и полната Месечина на 8 ноември носат драстични промени за 4 хороскопски знаци

Полната Месечина која ќе се совпадне со затемнувањето на 8 ноември носи драстични промени кај хороскопските знаци.

Нѐ делат само два дена од полната Месечина која ќе се совпадне со затемнувањето. Астролозите тврдат дека на 8 ноември ќе има драматични промени и изненадувања, но како и секогаш тоа најмногу ќе се одрази во неколку хороскопски знаци. Што се однесува до 2022 година, ова е последното затемнување.

Со оглед на тоа дека пристигнува во земјениот знак – Бик, тоа значи дека ќе наидеме на бројни пресврти во блиските односни, планови кои тешко ќе се реализираат, интензивна енергија, но и лекции кои, ако успееме да ги надминеме, иднината ќе ни биде подобра. Затемнувањето и полната Месечина во Бик ќе влијае на сите знаци на хороскопот, но најмногу на овие четири.

Бик

Иако во овој период ќе зрачите со самодоверба, тоа не значи дека нема да мора да се соочите со бурни денови. Ќе се чувствувате неодоливо во секоја смисла – ментално, физички и емоционално. Сепак, големите промени можат многу да ве изненадат, бидејќи доаѓаат сосема ненадејно. Овие промени можат да бидат толку значајни, што постои голема веројатност дека ќе го промените животот од корен. Ова особено се однесува на полето на партнерство и емоции.

Лав

Луѓето родени во знакот на Лав најголемата промена ќе ја почувствуваат во 10-тото поле, куќата на кариерата и имиџот во јавноста. Во овој период може многу нешта да се сменат кога е работата во прашање. Ќе бидете подготвени да преземете лидерска позиција, да прифатите проекти кои се далеку поамбициозни отколку што беше случај досега. Исто така, бидете отворени за нови деловни понуди, а можно е и да ви се отворат нови патишта за дополнителна заработувачка.

Скорпија

За Скорпиите, фокусот во овој период е на љубовта. Многу од нив ќе мора да направат компромис со партнерот, иако тоа нема да биде она што навистина го сакаат. Ќе се обидат да ги усогласат своите потреби со потребите на партнерот. Скорпии, доколку сакате во љубовниот живот сѐ да ви тргне како што сте замислиле, бидете спремни на договор со спротивната страна.

Водолија

Ова затемнување ќе ве потсети на некои незалечени рани и трауми, лоши семејни спомени. Ако сѐ уште не сте, поработете на работи од минатото поради кои страдате и кои ве болат. Исто така, подгответе се за неверојатен развој што се однесува на вашето семејство или на саканата личност.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот