полска лгбт EPA-EFE/Tomasz Gzell POLAND OUT

Полјаците во Прајд ја поддржаа ЛГБТ заедницата по победата на конзервативецот Навроцки

Илјадници Полјаци денеска учествуваа на Парадата на гордоста во Гдањск, каде ја изразија својата поддршка за ЛГБТ+ заедницата додека постои загриженост за безбедноста на нејзините членови по победата на конзервативниот националистички кандидат Карол Навроцки на претседателските избори.

Учесниците вееја знамиња со виножито и сино-розово-бели транспаренти кои ја претставуваат трансродовата заедница, како и транспаренти со пораки како „Љубовта е љубов“ и „12 години заедно – кога ќе дојде граѓанското партнерство?“.

Во исто време, посебна парада на гордоста се одржа во градот Вроцлав, во западна Полска, пренесува Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот