НАТО/ Фото: Martin Bertrand / Alamy / Alamy / Profimedia

Политико: Седум членки на НАТО се против Украина да стане дел од Алијансата

Седум членки на НАТО се противат Украина да стане членка на Алијансата, објави Политико, повикувајќи се на четворица претставници на НАТО и САД, како и на некои дипломати.

Германија и САД се најголемите земји кои се двоумат да одговорат на апелот на украинскиот претседател Володимир Зеленски Украина да биде поканета во НАТО.

Политико пишува и дека Унгарија и Словачка исто така се против оваа одлука, „со оглед на тоа што нивните лидери заземаат проруски позиции.“

Другите земји, се додава, не сакаат брзо да одговорат на барањето на Киев и со задоволство „се кријат во сенка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот