Знаме на Иран / Фото Архива на СП

Политиката на максимален притисок на Трамп ќе се покаже како неуспешна, тврди Техеран

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи денеска изјави дека политиката на „максимален притисок“ врз Техеран, објавена од американскиот претседател Доналд Трамп, ќе се покаже како „уште еден неуспех“.

-Верувам дека максималниот притисок е неуспешен експеримент и дека обидот повторно ќе доведе до нов неуспех… Загриженоста на САД за наводниот развој на нуклеарно оружје од Иран не е сложено прашање и може да се реши со оглед на противењето на Техеран на оружјето за масовно уништување, рече Арагчи.

Трамп ја започна иницијативата за „максимален притисок“ за време на неговиот прв мандат, откако ги повлече САД од нуклеарниот договор меѓу Техеран и светските сили, кој ги укина меѓународните санкции во замена за ограничување на иранската нуклеарна програма.

Оттогаш, Техеран значително го зголеми збогатувањето ураниум до 60 отсто чистота, приближувајќи се до чистотата од околу 90 проценти потребни за производство на нуклеарно оружје, изјави Меѓународната агенција за атомска енергија во декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот