Фото: SWNS / SWNS / Profimedia

Полиците на маркетите преполни со „енергетска“ храна и пијалоци, но колку таа е безбедна?

Статистиката покажува дека расте пазарот на пробиотици, протеини, пребиотици, влакна, омега-3, витамини и минерали, а потрошувачите се прашуваат дали тоа е вистинскиот избор. Американска компанија која се занимава со следење на однесувањето на потрошувачите изброила 53.000 баркодови во категоријата „функционални пијалоци“ само во САД минатата година, вклучувајќи ги сите вкусови на „енергетски и спортски пијалоци“, газирани пијалоци, флаширана вода со адитиви, „шејкови“, чаеви кои „зајакнуваат ментално или физичко здравје“.

Нутриционистите, пак, велат дека е добро што потрошувачите бараат поздрави пијалоци, но предупредуваат дека треба да се внимава и да се читаат етикетите на пакувањето за состојките, што особено важи за трудниците, за оние кои земаат лекови и се боленСпоред нив треба да се избегнуваат „празни калории“ и шеќер.

Сепак, не се само пијалоците кои го привлекуваат вниманието на потрошувачите. Постои и „функционална храна“, која била измислена во Јапонија во раните осумдесетти. Станува збор за храна збогатена со одредени состојки кои благотворно делуваат на здравјето преку подобрување на општата состојба на организмот, намалување на ризикот од болести и поттикнување правилен раст и развој.

Во последните години оваа храна стана исклучително популарна во здравствените и велнес круговите, а такви производи има се повеќе на полиците на супермаркетите. Од научните кругови се појавуваат различни пораки за потенцијалните придобивки од многу намирници, што ги остава потрошувачите во дилема колку овие производи се здрави и препорачливи. Проблемот е што функционалната храна многу често во јавноста се доживува како храна која лекува болести, што не е точно. Постојат правила како да се декларираат овие намирници, па експертите советуваат дека пред да ги консумираат овие артикли, клиентите мора да бидат информирани за состојките. Статистиката покажува дека расте пазарот на пробиотици, протеини, пребиотици, влакна, омега-3, витамини и минерали.

Во споредба со 2008 година, кога целиот пазар на функционална храна беше проценет на 80 милијарди американски долари, со мнозински удел (60 проценти) на САД и Јапонија, тој достигнал вредност од 193,77 милијарди американски долари на крајот на 2022 година. Се очекува да продолжи да расте, за околу седум проценти годишно, според податоците од истражувањето на пазарот спроведено минатата година.

Дополнителен проблем на пазарите како нашиот е што дефиницијата за функционална храна нема во домашната легислатива, па не се ни знае колку расте кај нас и сите досега дадени проценки не се веродостојни.

Меѓутоа, во Србија постои правилник кој го регулира означувањето и рекламирањето на храната што се рекламира и ги привлекува потрошувачите со одредени здравствени изјави или тврдења.

Која е тајната на овие производи? Тие едноставно привлекуваат клиенти бидејќи трендовите се такви што бараат производи кои спаѓаат во доменот на правилна исхрана, како и оние кои имаат нутритивни придобивки. Заклучокот е дека функционалната храна – храна која обезбедува дополнителни придобивки освен заситување – ќе биде тренд годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот