Апсење /Фото: Профимедиа

Полицијата приведе тројца странски државјани кои го злоупотребиле туристичкиот престој

Полицијата вчера вечерта спроведе контрола во два угостителски објекти во тетовските села Горно Седларце и Жеровјане, при што уапсени се тројца странски државјани кои го злоупотребиле туристичкиот престој.

Во периодот од 23.35 часот на 10.05. до 01.35 часот на 11.05.2023, полициски службеници од СВР Тетово во координација со Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово и Државен трудов инспекторат спроведоа акциска контрола во два угостителски објекти во тетовско Горно Седларце и тетовско Жеровјане. Во објектот во Горно Седларце, сопственост на А.А.(32) од тетовско Боговиње, биле затекнати Д.Р.(31) од Република Албанија и А.П.(38) од Белорусија, а во објекот во Жеровјане, сопственост на Х.А.(33) од Боговиње, 32-годишната К.В.С. од Русија, соопшти МВР.

Тие се задржани во полициска станица и ќе им бидат изготвени законски предвидените поднесоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот