Марко Миљковиќ/ Фото: Фејсбук

Полицијата најде крстови, икони и скапи автомобили во вилата на „касапот“ Миљковиќ

Сопругите на водачите на најбруталниот клан во регионот, Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, како и свекрвата на Беливук, се уапсени под сомнение дека переле пари заработени од од шверц на дрога, киднапирање и убиства.

Освен Бојана Беливук, Тања Миљковиќ и свекрвата на Веља Невоља, Снежана Ѓорѓевиќ, со лисици на рацете беше спроведена и Марија Милутинов, невенчаната сопруга на обвинетиот член на криминалната група, Филип Ивановски. По наредба на Обвинителството за организиран криминал, ним им беше одредена мерка притвор од 48 часа.

Сите четири жени се уапсени во своите домови. Припадници на Управата за криминалистичка полиција во четвртокот утрото упаднале во нивните куќи, извршиле претрес, а потоа осомничените биле донесени на сослушување во Обвинителството за организиран криминал.

По неколкучасовниот претрес, Тања Миљковиќ беше изнесена од објектот на улицата „Чачанска“ во белградската населба Звездара, каде што една до друга се наоѓаат куќите на Беливук и Миљковиќ. Полицијата и српските медиуми ги споредуваат куќите со озлогласениот објект на Земунскиот клан на улицата „Шилерова“, кој државата го урна по атентатот на Зоран Ѓинѓиќ.

Беливук и неговиот тим имале неколку куќи во Србија, а покрај онаа во околината на Панчево, главна база требало да биде и куќата во Звездара.

-Куќата е на неколку ката, а стаклото на прозорците е наводно отпорно на куршуми, односно блиндирано, има и скап видеонадзор. До оваа вила се наоѓа и вилата на Марко Миљковиќ, десната рака на Беливук, велат полициски извори за српските медиуми

Овие две куќи, наводно се поврзани со ходник, а куќата на Миљковиќ е опкружена со високи ѕидови и метална капија, а е обезбедена со камери – вели изворот.

Куќата на Миљковиќ наводно е луксузно опремена со скап мебел и бела техника, но и со скап видеонадзор. Сепак, една икона на ѕидот ги привлекла сите погледи, вели полицискиот извор.

-Тоа не би било чудно кога Миљковиќ, наречен Касап, не уживал во колењето и тортурата на жртвите. Во неговиот автомобил бил пронајден и крст. Низ отворената капија вчера се гледаше дека во дворот има голем бокс за кучиња, а во гаражата имаше голем број различни автомобили и велосипеди за деца – додава изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот