Шар Планина (фото: Архива)

Полицијата ги пронајде планинарите кои се загубија на Шара

Тетовската полиција вчеравечер ги пронајде дванаесетте планинари кои се загубија на Шар Планина.

-Синоќа во 22:10 часот над село Пршовце, тетовско, по преземени мерки и организирана потрага, полициски службеници од СВР Тетово во добра здравствена состојба ги пронајдоа 12-те планинари од селата Боговиње, Лисец, Раковец, Пршовце и Тетово, за кои во 21: 30 часот А.Р. од тетовско Боговиње пријави дека не можел да стапи во контакт со нив, соопшти денеска МВР.

Планинарите во текот на денот заминале во планината над село Пршовце за да одат до место викано „Доброшки езера“, а последната локација од каде контактирале била кога се наоѓале кај „Три Чешми“ во близина на границата со Косово. Лицата биле пренесени во Клиничката болница Тетово на преглед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот