Броила за струја / фото: МИА

Полицаец од Матејче крадел струја за да напои кафеана

Полицаец од кумановското село Матејче доби кривична пријава откако незаконски се приклучил на довод за струја, без согласност на Електродистрибуција и без знаење на соселанецот чиешто било броилото што го премостил, а струјата ја спровел во угостителски објект, соопшти МВР. Според полицијата, тој направил штета од околу 6.500 евра.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово против С.Ш., вработен во Полициското одделение Матејче при СВР Куманово поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело ,,кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас “ по член 235-а став 1 од КЗ. Имено, во временски период од 01.03.2024 година до 09.01.2025 година С.Ш. со намера за себе да прибави противправна имотна корист, без согласност од Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје-КЕЦ Куманово во електричното броило кое се води на А.М. од с. Липково, извршил премостување на трите фази со кабли пред електричното броило директно во електричните проводници кои водат кон угостителски објект, без притоа електричната енергија да биде регистрирана од страна на електричното броило и неовластено ја користел за своите потреби, со што на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје и причинил материјална штета од 398.847 денари. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник С.Ш. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителни мерки да му се одземе службеното оружје и муниција“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот