Навигациска контролна кула/Фото: МИА

Полицаец и осуденик за насилен индицент во кој ранил човек, се напаѓачите во М-НАВ

Полицаец, но и маж кој имал условна затворска казна за насилен инцидент со човек којшто настрадал при пукањето, учествувале во упадот во М-НАВ, денеска попладне, тврдат извори запознаени со истрагата за инцидентот, за телевизија Телма. 

Според телевизија Алсат упадот врз контролори на летање во М-НАВ денеска го водел претседателот на партискиот огранок на ДУИ во Чаир Беким Незири.

Друг член на бандата која упаднала во контролата на летање, задолжена за безбедност на воздухопловниот сообраќај во државата, бил и сопруг на жена која пред неколку месеци била вработена во Навигација. Според информациите на Телма со иницијали Е.С. претходно имал и условна затворска казна за насилен инцидент со нстрадан човек при пукање.

Од ДУИ засега нема реакција за овој упад во М-НАВ за што се посочени нивни членови. Нема ниту реакција од партискиот портпарол, министерот за надворешни работи Бујар Османи кој беше претседател на чирскиот огранок на ДУИ пред официјално да биде избран Беким Незири.

Денеска после прес конференцијата на синдикатот на М-НАВ кога беа откриени повеќе злоупотреби на менаџментот на М-НАВ, повеќе лица меѓу кои и вработен во контролата на летање успеале надвор од сите безбедносни процедури да влезат во кулата на контролата на летање на аеродромот и во објектот да нападнат тројца контролори на летање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот