Ратко Капушевски и Асмир Јахоски

Покрај Капушевски, уапсен е и газдата на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски

Попладнево полицијата ги обезбеди бизнисменот и поранешен директор на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски и сопственикот на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски.

Ова следува по денешната координирана акција против компании и поединци кои набавувале мазут, а кој што го загрозува здравјето на граѓаните и животната средина.

ОЈО-ГОКК потврди дека моментално се вршат претреси на неколку локации низ Скопје.

Поранешниот директор на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и бизнисмен, Ратко Капушевски попладнево беше уапсен во неговиот дом, а полицијата продолжи со претресот на домот.

„Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при БЈБ, МВР во координација со ОЈО за ГОКК по Наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје и низ државата во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати, штета од големи размери за буџетот на државата и штета врз здравјето на луѓето“, накратко ни одговорија од МВР.

Овие дејствија се во рамки на истрагата за сомнителни набавки на деривати и сериозна штета на државниот буџет, како и на здравјето на граѓаните. Засега, не се објавени дополнителни детали и не е познато кои конкретни кривични дела му се припишуваат на Капушевски.

Од Основното јавно обвинителство ГОКК исто така ја потврдија акцијата, но подетални информации најавија за утре.

Според првичните информации, се работи за огромна сума од околу 10 милијарди денари (околу 160 милиони евра) испумпани преку фиктивни договори за позајмици и посреднички услуги за испорака на сомнителни горива.

Ратко Капушевски во 2014 година ја напушти државната служба и започна работа како проект-менаџер во канцеларијата на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко. Потоа, се посвети на енергетскиот сектор и неговата компанија, РКМ, која во последните години добиваше јавни набавки во вредност од стотици милиони евра. Неговото име беше поврзувано со контроверзни тендери за набавка на нафта и нафтени деривати за државни институции.

Уапсен е бизнисменот и поранешен државен директор Ратко Капушевски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот