Фото. Општина Аеродром

Подрачното училиште во Долно Лисиче ќе добие спортска сала, изградбата започна

Основно училиште „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче за десетина месеци ќе добие спортска сала на површина од 650 метри квадратни. Изградбата започна денеска, со поставување камен темелник на објектот во кој ќе се инвестираат околу 32 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за образование и наука.

Според градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески,станува збор за капитален и многу значаен проект не само за Долно Лисиче, туку и за Аеродром, затоа што учениците, наместо како досега во училници или на отворено, конечно ќе можат да имаат часови по физичко и здравствено образование во соодветни и современи услови.

Во ова подрачно училиште учат над 200 ученици кои за неколку месеци ќе добијат сала изградена според сите современи стандарди. Салата, освен за одржување на редовната настава по физичко во рамките на училиштето, како што информираат од Аеродром, ќе претставува и место каде што жителите на Долно Лисиче ќе можат да тренираат и да се запознаат со различни спортови за што досега одеа во други населби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот