Фото: Thiago Santos / Alamy / Alamy / Profimedia

Подобри од оригиналните? Кога ќе се спојат лазањи и палачинки, настанува неверојатно јадење

Несекојдневен рецепт за палачинки со вкус на лазањи кои се подготвуваат брзо и лесно, а имаат фантастичен вкус.

Состојки:

– 10 палачинки

За сос од болоњезе:

– 500 грaма мелено месо
– 1 голем кромид
– 2 чешниња лук
– 1 голем морков
– 500 мл сос од домати
– сол, бибер, оригано, босилек
– по желба лажица брашно

За бешамел сос:

– 70 грама путер
– 2 лажици брашно
– 600 мл млеко
– сол, бибер
– 150 грама пармезан

Дополнително:

– 300 грама рендана гауда

Подготовка:

Подгответе ги палачинките според стандардниот рецепт.

На малку маснотија пропржете го кромидот, па додадете го меленото месо. Зачинете по желба. По 10 минути додадете ги морковите исечкани на коцки, па варете околу половина час. Додадете ги пасираните домати, намалете ја топлината и варете уште половина час. Пробајте и додадете зачини по желба. Ако сакате малку погуст сос со месо, измешајте една лажица брашно во малку млака вода, па додадете му го на месото.

Подгответе го бешамел сосот. На путер пропржете го брашното, па садот тргнете од оган. Додадете го млекото со постојано мешање за да не се формираат грутки. Вратете на оган, зачинете и на самиот крај додадете пармезан.

Секоја палачинка прекријте ја со сосот од месо и превиткајте ја на класичен начин.

Ставете ги во сад подмачкан со путер, обилно прелијте ги со многу бешамел, покријте ги со алуминиумска фолија, па печете ги половина час во рерна загреана на 200 степени.

По половина час извадете ја фолијата и додадете рендано сирење, па печете уште 10 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот