Фото: U.S. Navy / picryl

Подморски кабли во Црвеното Море се пресечени, алармира „Мајкрософт“

Корпорацијата „Мајкрософт“ објави дека голем број нејзини подводни кабли лоцирани во Црвеното Море се прекинати, што би можело да влијае на нејзината услуга „Азур“, пренесе „Блумберг“.

Според соопштението објавено на веб-страницата на компанијата, „од 6 септември 2025 година, сообраќајот што минува низ Блискиот Исток, почнувајќи или завршувајќи во Азија или Европа, може да доживее значителни застои поради повеќекратни прекини на подводниот оптички кабел во Црвеното Море“.

Azure е cloud услуга на Microsoft за развој, извршување апликации и складирање на податоци на сервери во дистрибуирани центри за податоци.

Неколку часа подоцна, „Мајкрософт“ објави дека пречките се отстранети и услугата сега функционира нормално.

„Гугл“ шпионирал луѓе преку телефони, го казнија со 0,425% од ланскиот ќар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот