
Под истрага италијанските клубови Рома, Лацио и Салернитана
Италијанската финансиска полиција изврши претрес во просториите на Рома, Лацио и Салернитана, како дел од истрагата за сомневања за нереално високи суми на трансфери на играчи.
Препорачано
Истрагата против Рома се осврнува на трансфери меѓу 2017 и 2021 година, додека истрагата за Лацио и Салернитана се однесува на продажбата на играчи меѓу овие два клуба, кои до неодамна му припаѓаа на истиот сопственик, Клаудио Лотито.
Салернитана го смени сопственикот минатата сезона, бидејќи прописите во Серија А не дозволуваат едно лице да контролира два тима.
Прелиминарната истрага за Лацио и неговиот прв човек Лотито се заснова на сомнежи за издавање „фактури за непостоечки трансакции“, пренесуваат италијанските медиуми.
Поради трансферите на играчи и вештачки претставените капитални добивки фудбалскиот клуб Јувентус беше казнет со одземање на 15 бодови и моментално е во тек судската постапка. Следното рочиште е закажано за 10 мај.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9час
-
9час
-
10час
-
11час
-
12час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5