Фото: Принтскрин / Twitter

„Почнува новото патување“: Објавен датумот за премиерата на серијата „Господарот на прстените“

Серијата „The Lord of the Rings“, која ќе се емитува на стриминг сервисот на „Amazon Prime Video“, ќе започне на 2 септември 2022 година.

Веста се појави пред два дена на официјалниот твитер – профил на серијата и истата ги воодушеви верните обожаватели на оваа авантура.

Серијата е опишана како „епска драма“ сместена илјадници години пред настаните во филмовите на „The Lord of the Rings“ и познатата трилогија на Џ.Р.Р Толкин на кој се темели приказната.

 

Најзначајното книжевно фантастично дело – трилогијата „The Lord of the Rings“ од Толкин беше адаптиран во филмови во почетокот на 2000 година.

За третиот дел од „The Lord of the Rings: The Return of the King“, режисерот Питер Џексон освои награди во сите 11 категории во кои беше номиниран на Оскарите во 2003 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот