Фото: Инстаграм/Pexels

Почна судењето против жената која ја претепа актерката Слобода Миќаловиќ: Обвинетата ја изнесе својата одбрана

Денеска почна судењето за нападот на српската актерка Слобода Миќаловиќ кој се случи на 26 ноември минатата година паркинг во Земун. Таа наводно била претепана од непозната жена, по кратка вербална расправија.

Судењето започнало со читање на обвинителниот акт и сведочењето на обвинетата С.Д., јавуваат локалните медиуми.

По неколкумесечно одложување на судењето поради штрајк на адвокатите, обвинетата при сведочењето ги негираше сите наводи во обвинителниот акт.

„С.Д. од самиот почеток, додека сè уште беше во полициска станица, негираше дека таа вечер ја нападнала Слобода на паркингот, а истото го повтори и пред судијата. Таа рече дека вистината е сосема поинаква од она што го тврди актерката и за што се „товари“. Жената со месеци била избезумена, како поради самиот инцидент, така и поради написите во медиумите. Таа сака сѐ да излезе на виделина и да ја докаже својата невиност“, изјавил добро информиран извор, пренесува „Б92“.

„Следна која ќе даде исказ е Слобода, а потоа следуваат сведоците. Случајот е во почетна фаза и ќе трае доста долго. Миќаловиќ е огорчена и сака да оди до крај, а таква намера има и С. Д.“, заклучил изворот.

Потсетуваме, нападот врз Слобода Миќаловиќ, според пишувањата на медиумите, се случил околу 19 часот, на улицата „Караѓорѓев трг“ на 26 ноември минатата година, кога, наводно, актерката додека го паркирала својот автомобил „нисан“ удрила во десното колено С.Д.(47).

По инцидентот, Слобода побарала помош во Ургентниот центар, а нејзиниот сопруг веднаш пристигнал да ѝ ја даде потребната поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот