
Почна изградбата на Ветерниот парк во близина на Штип: Инвестицијата на „Алказар енерџи“ од 500 милиони евра ќе отвори 600 нови работни места
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека производството на еден терават-часови енергија ќе донесе значајни придобивки за економијата, за бизнис-секторот и за граѓаните, „создава трајна вредност за државата и отвора голем потенцијал за понатамошен развој“
Денеска, во близина на Штип, беше поставен темелот на Ветерниот парк, инвестиција од над 500 милиони долари на компанијата „Алказар енерџи“, што се очекува да креира 630 нови работни позиции. Ова не е поставување камен-темелник, туку важен исчекор кон зајакнување на енергетската стабилност и остварување на целите на земјата во однос на обновливата енергија, а најголемиот Ветерен парк на Западен Балкан, ќе ја намали емисијата на СО2 и ќе создаде нови 600 работни места.
Препорачано
Даниел Калдерон, соосновач и управувачки партнер на „Алказар енерџи“, сподели со присутните дека ова била ретка можност, која не е видена во нивното 12-годишно постоење и неговото 60-годишно искуство, да се стигне до оваа фаза на градба, која е договорена лани во јуни. Изградбата на овој парк, според Калдерон ќе ја намали цената на струјата и ќе поттикне заштеди. А со позицијата на Македонија, дисциплината и човечкиот капитал ќе придонесе за учество во енергетските инвестиции во регионот.
– Кога работевме во разни држави земји во развој, нашиот тим беше дисциплиниран, и ние бевме оние што ги туркаа нашите партнери, но овде е исклучително значајно дека токму македонските власти нè туркаа нас за побрзо да се заврши проектот. Со сето тоа што го гледаме во Македонија, ние одлучивме да развиеме дополнителни еден гигават зелени проекти за земјите од Западен Балкан, што ќе донесе уште една милијарда инвестиции – рече Калдерон.
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека производството на еден терават-часови енергија ќе донесе значајни бенефити за економијата, бизнис секторот и граѓаните, „создава трајна вредност за државата и отвора голем потенцијал за понатамошен развој“. Според Мицкоски, дисциплината е најважна и без неа нема да стигнете до посакуваната цел.
– Имаме уште идеи и сериозно сме посветени на економијата, бидејќи силно сме уверени дека имаме огромен потенцијал, кој може да одведе до гигантски чекори напред. Резултатите го покажуваат тоа – додаде Мицкоски.
Според министерот за транспорт и врски Александар Николоски, ова е само почеток на една огромна инвестиција, најголема инвестиција на зелени извори, заблагодарувајќи му се на премиерот Мицкоски, како автор на првиот ветерен парк во Македонија и на неговата лична визија – Македонија да стане лидер во зелената транзиција.
Ветропаркот, кој претставува најголема инвестиција во доменот на обновливите извори на енергија во регионот, е сместен меѓу Штип, Карбинци и Радовиш, зафаќајќи површина од приближно 326 хектари. Планирано е да бидат инсталирани 55 турбини на ветер кои ќе генерираат електрична енергија доволна за снабдување на околу 100 илјади домаќинства.