Почина српскиот рокер Тони Монтано: Бил пронајден мртов на фотелјата во својот стан

Тони Монтано / Фото; Принтскрин / Јутјуб

Српскиот музичар Велибор Миљковиќ, познат како Тони Монтано почина на 62-годишна возраст, потврди „Нова.рс“.

„Упатената полициска патрола на лице место ја затекнала Снежана Миљковиќ, братучетка на починатиот, која изјавила дека не се јавува на телефон и не ја отворил вратата од станот, па морале да повикаат бравар да им ја отвори, по што тие го пронашле неговото мртво тело на фотелјата. Екипата на итната помош веднаш пристигнала и констатирала смрт. Извршен е увид, а станот е пломбиран. Нема траги на насилна смрт“, се наведува во соопштението за медиумите.

Роден како Велибор Миљковиќ во Белград во 1962 година, кариерата ја започна како пејач во панк-рок групата „Радост Европа“, основана во 1979 година. Низ бендот поминаа голем број музичари, меѓу кои и Димет Тодоров, кој подоцна стана член на „Партибрејкери“. Најмногу настапуваа во белградскиот Студентски културен центар, изведувајќи песни од легендарните „Рамонс“, но и свои. Бендот престана да работи во 1985 година, а дел од материјалот беше на деби албумот на Миљковиќ, кој започна соло кариера по распаѓањето на бендот. Добитник е на три награди на фестивалот МЕСАМ.

Сценското име Тони Монтано го избра по главниот лик од култниот филм „Лице со лузна“ со Ал Пачино. Својот прв албум под името „Тони Монтано“ го издаде во 1986 година, а го продуцираше Борут Чинч од бендот „Булдожер“. Следниот албум „Таличниот Том е мртов“ излезе една година подоцна, а во 1988 година излезе и албумот во живо „Ние сме од Белград“.

Неговиот последен студиски албум „Среќен родендан“ беше објавен во 1999 година, додека последниот официјален сингл ја виде светлината на денот во 2012 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот