Почина српската пејачка Харина од рак: Сопругот ја напуштил седум дена по операцијата

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Српската пејачка Хариета Симиќ (41), чие уметничко име е Харина, почина во саботата. Харина починала во болница во Смедерево, по долга борба со ракот на дојката. Таа пред една недела паднала во кома, а вчера починала.

Хариета неодамна раскажа за својата тешка судбина и ги замоли сите луѓе со добра волја да ѝ помогнат преку Инстаграм доколку имаат можност.

– По операцијата кога ми ја отстранија дојката, одев на хемотерапии и ми рекоа дека сум здрава, меѓутоа, само два месеци подоцна отидов на контрола и докторката ми најде метастази на вратот – раскажала тогаш Хариета, која по операцијата почнала да добива различни симптоми, почнала да кашла и добила антибиотици.

– Ништо не ми помогна, а потоа отидов на снимање на белите дробови и открија дека имам метастази насекаде по белите дробови. Се чувствувам како да имам еден тон на градите, тешко дишам – раскажала пејачката.

Хариета раскажала и дека се жртвувала за својот поранешен сопруг Владица, кој ја оставил седум дена по операцијата и ѝ соопштил за тоа преку видеоповик, што особено ја погодило во тој момент.

– За Владица многу се жртвував, му дадав злато од неколку илјади евра за да ги врати долговите. Ми даде и тој мене за лекови, но… Недолго потоа го продадов накитот за да може да ја плати киријата за станот и да купи нов камион. Сега, седум дена по операцијата и отстранувањето на градите, тој ми се јави да ми каже дека не сака повеќе да биде со мене и дека нашол нова. Ми рече повеќе да не му се јавувам и дека ќе се ожени со таа девојка. Ме остави во најтешкото. Ме искористи и ме остави. Не можам да верувам што ми приреди, уште ме чекаат хемотерапија и зрачење, но тоа не го интересира – раскажала несреќната жена за „Блиц“.

Харита додека поминувала низ голгота со ракот, ги замолила сите жени и мажи да одат на редовни прегледи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот