Фото: Инстаграм/ EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Почина познатата италијанска дизајнерка Росита Мисони: Од семеен занает создазе модна империја

Росита Мисони е родена во северниот италијански град Варезе во 1931 година во семејство на текстилни занаетчии, а бизнисот го започнала во 1953 година со нејзиниот сопруг Отавио Мисони, развивајќи бренд кој стана популарен по својата шарена трикотажа со геометриски дезени и пруги, вклучувајќи го и познатиот цик-цак мотив наречен „фиамато“.

Родена во семејство на текстилни работници, Росита студирала современи јазици. За време на престојот во Лондон во 1948 година за да го подобри англискиот јазик, таа го запознала Отавио, кој се натпреварувал на 400 метри со пречки на Олимпијадата во тој град.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristina Lucchini (@crilucchini)

Брендот „Мисони“ стана познат во светот и доби награди за карактеристичните модели и авангардната употреба на текстилот и пристапот кон модата кој често се споредуваше со современата уметност.

Росита почина на 94-годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот