Доли Партон и Карл Дин - Фото: ABC / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Почина Карл Дин, сопругот на Доли Партон

Карл Дин, сопруг на кантри пејачката Доли Партон, почина на 83-годишна возраст. Партон ја потврди веста на нејзината официјална веб-страница и социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dolly Parton (@dollyparton)

“Карл и јас поминавме многу прекрасни години заедно. Нема зборови со кои може да се опише љубовта што ја делевме повеќе од 60 години. Ви благодариме за вашите молитви и сочувство”, рече пејачката во изјавата споделена на нејзиниот Инстаграм.

Доли Партон го запознала Дин пред перална во Нешвил, каде што се преселила на 18-годишна возраст.

„Бев изненадена што ми го гледаше лицето за време на разговорот (што беше реткост за мене). Изгледаше дека е искрено заинтересиран за тоа која сум јас“, прокоментира пејачката во едно интервју во 2016 година.

Две години подоцна, на 30 мај 1966 година тие се венчале на приватна церемонија. Тие отсекогаш го држеле својот брак подалеку од очите на јавноста, поради што многумина често коментирале дека Карл Дин всушност не постои. Во 2008 година, Партон призна дека нејзиниот сопруг служел како инспирација за хит песната Џолин, која ја напишала откако банкарска службенчка флертувала со Дин.

„Навистина сакаше да оди во банка затоа што таа жена му обрнуваше многу внимание. Тоа всушност беше нашата внатрешна шега – јас велев: Ти поминуваш многу време во таа банка. Мислам дека немаме толку пари. Значи, тоа е невина песна, но звучи ужасно“, коментира таа.

Партон и Дин немаа деца заедно.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот