Нови Сад железничка станица EPA-EFE/MARKO KAROVIC

Почина една од повредените во несреќата на железничката станица во Нови Сад, бројот на жртви се искачи на 15

Во Клиничкиот центар на Војводина, денеска во 15 часот почина уште една личност која беше тешко повредена поради уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, соопшти в.д. директор на Клиничкиот центар на Војводина, д-р Весна Туркулов.

„Се работи за пациентка со најтешки повреди. Таа е петнаесеттата жртва во несреќата што се случи во Нови Сад на 1 ноември. И покрај сите напори на лекарите, таа почина“, рече Туркулов.

Таа додаде дека повредите биле опасни по живот од самиот почеток и дека лекарите продолжуваат да се борат за животот на уште две тешко повредени лица.

„Во името на сите вработени во КЦВ сакам уште еднаш да изразам најдлабоко сочувство до семејството и благодарност до лекарите кои дадоа се од себе“, подвлече Туркулов.

Настрешницата на железничката станица во Нови Сад се урна на 1 ноември, кога 14 лица загинаа на лице место, а тројца беа тешко повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот