Фото: Принтскрин/Јутјуб

Почина ѕвездата на „Досие Икс“: Неговата сопруга се прости со емотивна објава

Ветеранот на филмската монтажа Крис Вилингем почина на 74-годишна возраст.

Тој работеше на култната телевизиска серија „Досие Икс“ (The X-Files), а последен пат монтираше епизода од серијата „Јелоустоун“ во 2019 година, пишува британски „Експрес“.

Вилингем беше трипати номиниран за престижната награда Еми.

Неговата сопруга Лин, добитничка на наградата Еми, која самата работеше на серијата „Breaking Bad“, ја потврди неговата смрт во емотивна изјава:

„Крис беше интуитивен монтажер. Тој беше надарен раскажувач. Неговиот ритам и избори беа неверојатно убави. Можевте да ја препознаете неговата епизода штом ќе ја гледавте. Тој секогаш беше на вистинското место во вистинско време. Тоа не може да се научи. Беше духовит и паметен, и имав голема среќа што го имав не само како прекрасен сопруг, туку и како креативен партнер. Бевме одличен тим.“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!