Ники Кет - Фото: The Hollywood Archive / Hollywood Archive / Profimedia

Почина актерот Ники Кет, ѕвездата од филмот „Котлара“

Почина актерот Ники Кет, кој беше најпознат по неговите улоги во филмот на Ричард Линклејтер од 1993 година, „Зашеметени и збунети“ (Dazed and Confused), „Котлара“ (Boiler Room) од 2000 и ТВ серијата „Бостонска јавност“ (Boston Public).

Тој имал 54 години, а смртта на Кет ја потврдила Џон Слос од адвокатската канцеларија „Слос ло“ (Sloss Law), која законски го застапувала актерот. Причината за неговата смрт е непозната.

Кет, кој е роден на 11 мај 1970 година, глумеше и во филмот на Стивен Содерберг од 2002 година „Целосно фронтално“ (Full Frontal) покрај Џулија Робертс и Бред Пит, „Гремлини“ на Џо Данте и биографскиот филм за Либераче „Зад канделабрите“ (Behind the Candelabra) од 2013 година. Во филмот „Целосно фронтално“ (Full Frontal), Кат играше егоистичен актер кој го портретира Адолф Хитлер во измислената претстава наречена „Звукот и Фирерот“ (The Sound and the Fuhrer).

Режисерот Содерберг ја пофали изведбата на Кет за време на интервјуто за „Лос Анџелес Тајмс“ во 2002 година, велејќи дека тој е „апсолутно бестрашен“ како актер. Тој, исто така, се појави во една епизода од „Пријатели“ во 1996 година. Неговата последна улога беше во хумористичната серија „Casual“. Кат беше во брак со Ени Морс од 1999 до 2001 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот