Марио Ернесто Санчез - Фото: FilmStills.net / Film Stills / Profimedia

Почина актерот Марио Ернесто Санчез, кој глумеше во „Пороците на Мајами“ и „Сплетки“

Актерот Марио Ернесто Санчез, познат по улогите во во „Пороците на Мајами“ и „Сплетки“, почина на 78-годишна возраст по долго боледување.

Санчез починал утрово, според неговиот асистент, а тоа го потврдил и весникот од Јужна Флорида „Diario Las Américas“.

Роден на 10 јануари 1947 година во кубанскиот град Сан Антонио де лас Вегас, Санчез се преселил во САД на 15-годишна возраст и направил успешна актерска кариера. Интерес за глума покажувал уште од детството.

“Не знаев дали ме ставаат во претстави бидејќи тетка ми беше началник на училишната област, но моите родители не сакаа да станам актер. Тие не сакаа да го имам она што го замислуваа како живот во доцните ноќи, дрога и секс”, изјави тој за „Мајами Хералд“ во 2015 година.

Откако се преселил во Америка, сфатил дека може да продолжи со актерска кариера. Студирал театар на Меѓународниот универзитет во Флорида (ФИУ), каде што дипломирал со почести. По серија улоги во шпанските верзии на познати драми, тој ја основа својата сопствена шпанска театарска компанија, „Театро Аванте“.

„Театро Аванте“ стана клучна институција за шпанската уметничка сцена, а Санчез, исто така, го водеше Меѓународниот шпанско театарски фестивал во Мајами три децении. Настапувал на фестивали низ Европа, Централна и Јужна Америка.

Паралелно со својата театарска кариера, Санчез изгради и успешна телевизиска кариера. Тој се појави во десетици филмови и телевизиски серии. Една од најпознатите соработки беше со франшизата „Пороците на Мајами“. Тој глумеше во пет епизоди од оригиналната серија (како возач на лимузина), а се појави и во филмската верзија од 2006 година, но во друга улога.

Санчез во последниве години главно се повлече од очите на јавноста, а едно од неговите последни интервјуа беше во 2021 година за „Islander News“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот