Фото: Принтскрин/ Твитер

Почина актерка на 22 години од туберкулоза: Ова е ненадоместлива загуба

Актерката и модел Изис Фреитас од Бразил почина на 22-годишна возраст. Ѝ била констатирана туберкулоза, а по мачната борба во тешка состојба била пренесена во болница. Таа почина во неделата и беше погребана на гробиштата Ксавиер во Сан Франциско во понеделникот, пренесува „Дејли меил“.

– Со големо жалење и тага ве известуваме за смртта на нашата актерка и соработничка Исис Фреитас. Во име на целата екипа и персонал на „LMA“, изразуваме искрено сочувство до сите нејзини пријатели и семејството. Сите се согласуваме дека ова е ненадоместлива загуба, објави нејзината агенција „LMA Producoes“.

Фреитас ја започна својата кариера како модел пред да работи како актерка и да игра во голем број претстави. Покрај тоа, таа се појави во бројни реклами за козметички брендови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот