Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Победата над Синер не била случајна: Булбик го освои турнирот во Хале

Казахстанскиот тенисер со руско потекло, Александар Бублик, стигна до еден од највредните трофеи во својата досегашна кариера, освојувајќи го престижниот АТП турнир од серијата 500 во Хале, Германија.

Во финалето, Бублик одигра сигурно и го совлада Русинот Данил Медведев во два сета со 6-3, 7-6 (4). Со овој триумф Бубликс стигна до својот петтти АТП трофеј.

Неговиот пат до трофејот не беше лесен и во четвртфиналето елиминираше најдобриот светски тенисер, Италијанецот Јаник Синер, а денеска покажа зрелост и прецизност и против Медведев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот