фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Победа на таеквондистот Георгиевски во првото коло на Светското првенство во Гвадалахара

Најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски во првото коло на Светското првенство во Гвадалахара, Мексико го совлада Валтер Салдариага со резултат 8:5 (2:0) во категоријата +87 килограми.

Нашиот натпреварувач беше многу подоминантен во текот на целата борба против Колумбиецот. Имајќи во предвид дека има уште борби до финалето, умно и во тактичка одлична борба нашиот натпреварувач се штедеше за следните борби и пружи колку што треба за да го победи својот противник.

Во 1/16 финалето, Георгиевски ќе се бори против Жаоксианг Сонг од Народна Република Кина. Борбата на распоред е во 22.24 часот по македонско време.

Од другите наши таеквондисти, Филип Додевски во категоријата 87 кг. беше на чекор до медал на СП, но загуби со 4:5 од Узбекистанецот Никита Рафалович.

Во женска конкуренција во категоријата 62 кг. Мила Рељиќ во осминафиналето загуби од светската вицешампионка Петра Столбова (Чешка). Во нејзиното деби на СП за сениори освои 21,17 поени за светската и олимписка ранг листа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот