Фото: EPA-EFE/YAHYA ARHAB

По три години е откриено што се случувало една кобна вечер во Ријад: Како луксузен хотел стана затвор за тајкун

Во почетокот на 2017 година речиси 400 најмоќни луѓе во Саудиска Арабија, меѓу кои принцеви, тајкуни и министри, беа повикани и задржани во хотелот „Риц-Карлтон“ во Ријад. Тоа подоцна се испостави како најголема и најспорна „чистка“ во историјата на модерното кралство.

Апсењата ги разнишаа темелите на саудиското општество во момент, претворајќи ги дотогаш недопирливите лица во мети за апсење. Статусите им беа отфрлени, имотот запленет, а бизнис империите исчезнаа. Конвенционалниот пакт меѓу државата и нејзините влијателни елити беше растргнат преку ноќ, пишува „Гардијан“.

Водечките фигури кои беа затекнати во тој простор, сега откриваат што се случило. Поранешни затвореници од кои на многумина им е одземено богатството, говореа за сцени на мачење принуда. Извештаите што се случувало во „Риц-Карлтон“ потекнуваат од некои од највозрасните саудиски личности кои тврдат дека полицајците ги претепале и ги заплашувале под надзор на двајца министри, двакцата блиски до човекот кој ја наредил „чистката“ – престолонаследникот Мохамед бин Салман.

Откритијата се објавени на третата годишнина од притворањето во пресрет на Самитот на Г20 во Ријад во претстојниот викенд.

Што се случувало

Приведувањата во „Риц“ често почнувале со телефонски повик. Некое лице е повикано со цел на состанок со принцот Мохамед или со самиот крал Салман. Во друг случај, двајца истакнати бизнисмени рекоа дека им било кажано да се најдат во куќа и да почекаат да им се придружи советник од кралскиот двор. Но, наместо тоа, се појавиле службеници на државната безбедност кои ги внеле во затвори со пет ѕвездички, каде биле дочекани од стражари и повозрасни соработници.

– Првата ноќ имаа превез преку очи и речиси сите биле подложени на она што египетската разузнавачка служба го нарекува „ноќно претепување“, изјави извор близок на сознанијата што се случувале.

– Луѓето биле прашувани дали знаат зошто се таму. Никој не знаел. Најголем дел биле претепани, дел од нив и потешко. Имало луѓе кои биле врзани за ѕидови во стресни позиции. Тоа траело со часови, а сите кои ги мачеле биле Саудијци. Тоа било осмислено да ги омекнат, а наредниот ден пристигнале истражувачи“ додава изворот.

Тогаш притворените биле одвоени во соби во хотелот кој една година претходно беше место на придвижување на амбициозниот план на принцот Мохамед наречен „Визија 2030“ за преуредување на саудиското општество. Произлезе дека испрашувачите биле „многу лоши кога станува збор за офшор работи“.

Некои од притворените говореа дека добиле закани со објава на приватни податоци, како вонбрачни односи и за деловен однос.

Извор близок до случувањата во „Риц“ тврди дека од притворените било побарано да се јават на своите банкарски службеници во Женева и да побараат големи суми на пари.

Виш, но неименуван, банкарски извор рече дека раководителите на швајцарскиот банкраски сектор покренаа истрага по нерегуларните трансакции во тоа време.

– Се чини дека многу трансфери беа извршени под принуда. Некои барања биле стопирани бидејќи не биле рутински, но некои минале, вели тој.

Три години подоцна, принцот Мохамед и натаму инсистира дека сите кои биле лишени од богатство се виновни за корупција. Саудиски официјални лица тврдат дека од 87 луѓе се повратени 107 милијарди долари во саудиската благајна.

Извори, пак, кои говореа за „Гардијан“ тврдат дека заплената е околу 28 милијарди долари.

– Овде се работеше за зацврстување на на неговото владеење, наведуваат изворите и додаваат дека некои стражари од „Риц-Карлтон“ се вмешани во убиството на новинарот Џамал Кашоги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот