
По скандалот: Американскиот натпревар во јадење хот-дог има нов шампион
Американскиот натпревар во јадење хот-дог во Њујорк има нов шампион. Патрик Бертолети од Чикаго победи во машкиот дел, со изедени 58 виршли со лепчиња.
Препорачано
– Јас сум во најголемата земја на светот, на најголемиот натпревар за јадење во светот и тоа е совршено… Совршенство! – изјавил Бертолети по победата.
За првпат по години, машкиот натпревар помина без неприкосновениот Џои Честнат. Тој не се натпреваруваше поради неговото партнерство со компанија што произведува виршли од растително потекло и соперничи со спонзорот на овој натпревар. Наместо тоа, тој годинава ќе се натпреварува во Форт Блис, Тексас.
По победникот се пласираа Џефри Еспер од Оксфорд, Масачусетс, и Ник Вери од Тампа, Флорида. Еспер изеде 53, а Веб – 52 хот-дога.
Џои Честнат е 16-кратен шампион и сѐ уште го држи рекордот поставен 2021 година, кога изеде 76 виршли со лепчиња.
Американката Мики Судо постави нов рекорд во женскиот дел на натпреварот за јадење на хот-дог – со 51 изедена виршла. И претходниот женски рекорд – со 48 виршли, е нејзин.
– Мислам дека ова значи дека женскиот натпревар или, пред сè, нашите лични најдобри резултати само ќе продолжат да одат нагоре, т.е. рекордот ќе продолжи да се зголемува. По 10 години, имам уште да дадам. Сѐ уште не сте виделе сѐ од мене – нагласил Судо.
На второто и на третото место завршија Јапонката Мајои Ебихара со 37 и Мишел Леско од САД со 23 изедени хот-дога.
„Кралот на хот-догот“ доби забрана да се натпреварува бидејќи бил спонзориран од вегански бренд