Фото: Принтскрин/ Јутјуб

По распитот во обвинителството: Адвокатот на Боба Живојиновиќ откри нови детали – „Беше искористен…“

Неодамна се појавија информации дека Боба Живојиновиќ бил на сослушување во Третото основно јавно обвинителство и дека му бил одземен телефонот за случај започнат пред шест месеци во кој тој е еден од учесниците.

А, сега адвокатот на сопругот на Лепа Брена се огласи и откри нови детали за случајот.

Имено, адвокатското друштво, како правен застапник на Слободан Боба Живојиновиќ и семејството Живојиновиќ, го објави следното соопштение за српските медиуми: „Несоодветно е да се спомене контекстот во кој се споменува г-дин Слободан Живојиновиќ во врска со продажбата на неговиот брод „Першинг 54“, што подразбира негова кривична одговорност за кривично дело измама, со оглед на тоа што г-дин Слободан Живојиневиќ, со добра волја и со намера да ги олесни административните процедури за пренос на сопственоста на предметниот брод, беше доведен во заблуда и искористен, тој всушност стана жртва на нефер односот помеѓу новиот сопственик и неговите деловни партнери, и се најде неиспровоциран во овој криминален потфат.“

„Со оглед на општествената положба и угледот на Слободан Живојиновиќ како еден од најпознатите светски спортисти од овој регион, како и неговата долгогодишна деловна репутација како сопственик на неколку компании кои работат во различни деловни сфери, јасно е дека давањето таков негативен публицитет на г-дин Живојиновиќ, а со тоа и неговото угледно семејство, има за цел да се фрли сомнеж на неговото значајно семејство и го доведува во прашање деловниот углед и на него лично и на фирмата што ја поседува – се додава во соопштението каде се се наведува дека од октомври кога почна истрагата нема нови детали или случувања во врска со овој случај.

Од адвокатската канцеларија објаснуваат и дека вредноста на бродот е 150.000 евра, како што веќе напиша „Блиц“. Станува збор за брод стар над 25 години, со продажна вредност од 150.000 евра, колку што го продал  Боба Живојиновиќ.

Боба Живојиновиќ сослушан во јавното обвинителство: Одземен му е мобилниот телефон и ќе биде испратен на вештачење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот