фото: EPA/Andreu Dalmau

По освоената титула во „Ла Лига“, Чави достави список со шест имиња до Лапорта

Фудбалерите на Барселона ја освоија титулата во Шпанија по долги четири години. Претходно, каталонскиот гигант освои осум од можни 11 титули и непосредно пред почетокот на таа „суша“, капитенот Лионел Меси рече „само кога ќе помине некое време, ќе разбереме колку успех постигнавме со осум титули за 11 години“.

Тоа време сега дојде и навивачите ја слават титулата повеќе од сите досега. Сепак, истиот ден, сигурни извори, поточно новинарот Хави Мигел, пишуваат за списокот на Чави на „совршени засилувања“. Станува збор за новинар кој е многу близок со тренерот на Барса и неговиот табор и често откривал проверени информации, особено кога станува збор за нови трансфери.

– Чави направи совршени 11, а сега е време за совршен ростер. Меси, Гундоган, Караско, Зубименди, Обамејанг и Ињиго Мартинез. Вака би изгледал совршениот преоден рок на Чави – изјави тој.

Доколку се земе предвид тешката финансиска состојба, ваков преоден рок би бил идеален. Лионел Меси, Илкај Гундоган и Ињиго Мартинез би дошле без надомест, а сосема веројатно и Пјер Емерик Обамејанг доколку Челси го раскине договорот. Јаник Караско е достапен за ситна сума, бидејќи таа клаузула беше договорена за зимскиот трансфер на Мемфис Депај.

Во суштина, единствен кој би чинел повеќе пари е Мартин Зубименди, чија откупна клаузула во Реал Сосиедад е 60 милиони евра. Чави го гледа како совршена замена за Серхио Бускетс, кој потврди дека ја напушта Барселона на крајот од сезоната.

Чави му порача на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта дека е неопходно да има посилна клупа, а неговиот список е официјално познат од синоќа. Дали Барса со овие шест засилувања и за не многу пари повторно би била достојна за Лигата на шампионите?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот