Собрание / Фото Слободен печат / Драган Митрески

По многу перипетии, седницата на Комисијата за надзор над АНБ и АР е закажана за 10 септември, пратениците ќе одат и во надзорна посета

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, вечерва извести дека седницата на собраниската Комисија за надзор на работата на АНБ и АР ја закажал за среда, 10-ти септември.

„Ве известуваме дека Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, која првично беше закажана за 5 септември 2025 година со почеток од 17:00 часот, по договор на пратеничките групи преку координативен состанок ќе се одржи во среда, 10 септември 2025 година“, соопштија од кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

„Истовремено, за истиот ден е предвидена и надзорна посета во просториите на Агенцијата за национална безбедност. Оваа одлука е во насока на зачувување на дигнитетот и интегритетот на Собранието и како резултат на политичката култура и отворената дебата меѓу сите претставници во Собранието. Таа ја потврдува посветеноста на транспарентност, одговорност и унапредување на демократските процеси во интерес на граѓаните“, пишува во соопштението.

Иако за денеска беше закажана итна седница на собраниската Комисија за надзор на работата на АНБ и АР, на барање на претседателот на Собранието Африм Гаши, таа претходно се одложи, а претседателот на Комисијата Скендер Реџепи Зејд од Европскиот фронт обвини дека Гаши сакал да го прекрши Деловникот.

Реџепи претходно се пожали дека од лани во ноември чека одговор на барањето за безбедносен сертификат и рече дека нема да ја закаже седницата сè додека, како нејзин претседател тој е „дискриминиран“ со тоа што нема безбедносен сертификат и пристап до материјалите.

„Големото уво“ што го прислушувало Мицкоски не слушало

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот