По изживувањето врз професорката, во Србија се бара наставниците да добијат статус на службени лица

Ова не е проблем само на едно училиште во Србија, туку на целото општество, да им се даде на наставниците статус на службени лица, побара Синдикатот на просветните работници на Србија, во врска со случајот со насилничкото однесување на учениците кон професорката во Трстеник, објави Нова.рс.

Јасна Јанковиќ од Синдикатот на просветните работници вели дека „сигурно не дојдовме во ваква состојба преку ноќ, ниту пак ќе се реши преку ноќ“. Тоаа посочува дека нема апче против насилство, и дека „постојано велиме дека мора да имаме нулта толеранција за насилство, но насилството го толерираме.

„Најпрвин се раѓа врсничко насилство, бидејќи врсниците ги мерат силите меѓу себе, а кога ќе го надминат тоа, тогаш ги напаѓаат и наставниците, па дури и родителите“, вели Јанковиќ.

На прашањето како може да бидат казнети учениците кои ја малтретирале наставничката, таа изјави дека веќе е поведена дисциплинска постапка.

Таа додава дека доколку некој нејзин колега направел нешто слично, ќе добиел отказ.

„Ова не е проблем само на едно училиште во Србија, тоа е проблем на целото општество. Тој ученик утре ќе го напушти училиштето и нема да се смени“, вели таа.

И порано Синдикатот на просветните работници на Србија има предложено просветните работници да имаат статус на службени лица.

„Тоа би значело дека ако некој се осмели да нападне наставник, тоа би значело напад врз државата, исто како да е нападнат полицаец или војник“, објаснува Јанковиќ.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како ученици се изживуваат врз наставничка, малтретирањето го снимиле со мобилен.

Ученик ѝ приоѓа на млада професорка во средно училиште од од зад грб, го извлекува столчето на кое седи, по што таа завршува на подот, додека друг сето тоа го снима, а учениците се смеат.

ВИДЕО: Во Србија ученици се изживуваат врз наставничка, малтретирањето го снимиле со мобилен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!