
По големиот успех со „Барби“: Марго Роби снима филм за една од најпопуларните друштвени игри
Марго Роби и нејзините партнери Том Акерли и Џози Мекнамара работат на долгометражен филм заснован на една од најпопуларните друштвени игри, потврдија од „Вараети“.
Препорачано
Сопствениците на друштвената игра „Монопол“ ќе го продуцираат филмот заедно со продукциската куќа „ЛакиЧап“.
„Монопол“ е друштвена игра чија цел е да собере што повеќе пари со купување на разни имоти. Студиото „Лајонсгејт“, кое ги поседува филмските права на играта, изјави дека „Монопол“ е најпопуларната игра на табла во светот. Играта е достапна во повеќе од сто земји, а од нејзиното создавање во 1935 година, продадени се половина милијарда копии.
Адам Фогелсон од „Лајонсгејт“ ја потврди веста за претстојниот филм и соработката со продуцентската компанија на „Синемакон“, настан кој моментално се одржува во Лас Вегас.
„Тие се исклучителни продуценти кои внимателно ги избираат своите проекти и доаѓаат со јасна визија. Ние сме исклучително возбудени што ќе работиме со целиот тим во „ЛакиЧап“ на она што веруваме дека ќе биде нивниот следен филмски блокбастер”, рекол Фогелсон.
Продуцентската куќа работеше и на филмовите „Јас, Тоња“, „Ветувачка млада жена“ и „Барби“. По успехот на минатогодишниот хит „Барби“, кој заработи повеќе од милијарда долари, тие станаа една од најбараните продукциски куќи во Холивуд.
Марго Роби конечно проговори откако не беше номинирана за Оскар