
По гласините за врска, Ана де Армас му се заблагодари на Том Круз за неговата поддршка
На премиерата на акциониот филм „Балерина“, актерката Ана де Армас сподели со новинарите колку многу ѝ значи јавната поддршка на Том Круз, кој неодамна ја пофали нејзината работа и самата франшиза „Џон Вик“, во која глуми познатата актерка.
Препорачано
Де Армас за „Варајети“ изјави дека е неверојатно што Круз воопшто би одвоил време јавно да препорача филм во кој таа глуми, но додаде и дека тој е познат по тоа што ја поддржува целата филмска индустрија. „Тој го поддржува секој филм. Тој навистина сака целата индустрија да успее и луѓето да се вратат во кината“, рече таа, додавајќи: „Работиме заедно, па тој имаше можност да го гледа „Балерина“ и навистина му се допадна. Тој ги обожава филмовите „Џон Вик“.
Том Круз, кој моментално го промовира филмот „Невозможна мисија – Конечното пресметување“, неодамна отворено зборуваше во интервјуа за неговата почит кон франшизата „Џон Вик“ и тимот што стои зад неа, вклучувајќи ги де Армас и Кијану Ривс.
„Го сакам Џон Вик и сè што прават овие луѓе“, изјави тој за „Асошиејтед Прес“. „Знам што значи да се создаде таква приказна и колку труд е потребен. Сега ‘Балерина’ излегува со Ана и тоа е фантастично“, додаде тој.
Филмот „Балерина“ се одвива помеѓу третиот и четвртиот дел од сагата „Џон Вик“. Ана де Армас игра професионална платеничка обучена според традицијата на руската ромска организација, која тргнува во одмазда по смртта на нејзиниот татко. Станува збор за спин-оф што носи нова женска перспектива во познатиот акционен свет.
Де Армас, исто така, откри за време на промоцијата колку физички напорна била улогата. „Сè ме болеше“, рече таа низ смеа, додавајќи: „Рацете ми се кршеа, ноктите ми се кршеа, целата бев во модринки и ме болеше вратот. Но, всушност беше многу забавно.“
Актерката нагласи колку многу ѝ значи меѓусебната поддршка меѓу нејзините колеги во индустријата: „Сите можеме да успееме заедно, ако се поддржуваме едни со други“.
Инаку, веќе некое време се шпекулира за врската на Ана де Армас и Том Круз. Сепак, актерите во последно време многу зборуваат за нивниот однос и нагласуваат дека се само колеги и пријатели. Актерката неодамна коментираше за соработката со Том.
@newgirl445 Universe? Why….? Meanwhile Harry chilling in my home country again..😔 I wanted Harry! Not Tom…. #London #tomcruise #harrystyles #Harry Styles #random #celebrities ♬ As It Was – Harry Styles
„Дефинитивно работиме на многу проекти. Не само на еден, туку на неколку со Даг Лиман, Кристофер МекКуори и, секако, со Том. И многу сум возбудена“, рече Ана.
Гласините почнаа откако беа видени заедно во јавност неколку пати. На почетокот на мај, еден тиктокер ги сними како шетаат низ Лондон на 37-миот роденден на Ана.
Долго време се зборува дека се во врска: Ана де Армас првпат проговори за Том Круз