Фото: Принтскрин/Инстаграм

По 13 месеци ги потпиша документите: Драгана Мирковиќ официјално се разведе од Тони Бијелиќ

Српската пејачка Драгана Мирковиќ официјално се разведе од Тони Бијелиќ, со кого помина 25 години во брак.

Поминаа 13 месеци откако Драгана Мирковиќ објави дека ги поднела документите за развод, а вчера, по 25 години брак, ги потпиша сите потребни документи пред австрискиот суд со својот сега веќе официјално поранешен сопруг Тони Бјелиќ.

Инаку, минатата година српската, но и регионалната јавност беше изненадена од веста дека Драгана Мирковиќ поднела барање за развод.

Во тоа време, Драгана даде само едно соопштение:

– Со жалење морам да ве известам дека поднесов барање за развод. Долго време, мојот однос со Тони повеќе не е како што беше, цело време практично водевме одвоени животи и не живеевме под ист покрив. И покрај сите непомирливи разлики, заради моето семејство и затоа што бев воспитана на тој начин, направив сè за да ја спасам заедницата што некогаш ја имавме. Сепак, со текот на времето, таа разлика стана поголема и сфатив дека им нанесувам поголема штета на моите најблиски со тоа што сосила останувам во нешто што не функционира долго време, отколку со тоа што ставам крај на нашиот брак.

Тони Бијелиќ наводно е во врска со мистериозна милионерка од Италија, а неговата поранешна сопруга Драгана Мирковиќ интригираше со својата објава на мрежите откако се прошири веста за неговата нова избраничка.

– Толку среќен ден – напиша Драгана и објави фотографија на која позира насмеана.

Нови детали за разводот на Драгана Мирковиќ: Три години не живеат заедно, а нејзиниот сопруг веќе има нова девојка во Германија

Сопругот на Драгана Мирковиќ љуби 15 години помлада жена: Се запознале на концерт на пејачката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот