Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Пневмонијата е минато: Еди Хау се враќа на клупата на Њукасл

Добра вест пристигна од редовите на Њукасл,  менаџерот Еди Хау се врати на клупските обврски, откако помина низ период во кој се соочи со пневмонија. Англискиот стратег денеска повторно е присутен во тренинг-центарот на клубот и ги води подготовките за претстојните натпревари.

Хау поради здравствени проблеми не беше на клупата во последните три средби, откако беше хоспитализиран поради воспаление на белите дробови. Клубот соопшти дека закрепнувањето е успешно и дека тој е подготвен да се врати на секојдневните задачи.

„Со големо задоволство потврдуваме дека нашиот менаџер, Еди Хау, се врати на својата улога во тренинг-центарот на Њукасл. По периодот на хоспитализација поради пневмонија, Еди сега е добро и повторно е со тимот. Благодарност до навивачите за поддршката и добрите желби“, стои во официјалното соопштение на клубот.

Њукасл во продолжение од сезоната ќе се обиде да се избори за пласман на европската сцена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!