ПМФЛ: Струга победи во дербито со Силекс, Хамза мајсторски погоди од слободен удар

Фудбалерите на Силекс не успеаа да се вратат на победничките патеки, откако денеска на свој терен беа поразени од Струга ТЛ со 1-3, што за нив беше втор последователен пораз во првенството.

Гостите од Струга го отворија мечот агресивно и рано ја најавија победата, уште во 8. минута Компаоре ја затресе мрежата на домаќините. Предноста беше удвоена во 33. минута, кога Мемертиза Хамза со прецизен и убав погодок од слободен удар донесе 0-2 за гостите.

Силекс успеа да намали на 1-2 во финишот на првото полувреме преку Хрвановиќ, што внесе мала надеж кај домашната публика. Но, продолжението на натпреварот мина во мирна и израмнета игра без многу шанси, сè до судиското надополнување, кога Шабан Зенку го постигна својот прв гол во дресот на Струга и ги постави конечните 1-3.

Со оваа победа, Струга се искачи на врвот на табелата, каде сега има ист број бодови (19) како и Вардар.

Во вториот денешен натпревар, Брера успеа да запише домашна победа над Арсими со 2-1 и ги освои вредни три бода во борбата за подобар пласман.

Преземено од Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот