Фото: FC Struga

ПМФЛ: Струга лесно се справи со Тиквеш и остана максимална

Екипата на Струга остана со максимален учинок и по пет кола во ПМФЛ откако денес со 3-0 го совлада Тиквеш.

Иако гостите од Кавадарци делуваа цврсто до самиот крај на првото полувреме, немаа вистинска шанса да изненадат. Компаоре го отвори резултатит во 40. минута кога сигурно реализираше пенал изнуден од Радески, а во 58. минута повторно ја погоди мрежата. Радески во финишот, во 79. минута, стави печат на триумфот.

Тиквеш се разбуди дури во завршницата, кога неколку пати се обиде да дојде до почесен погодок, но изостана реализацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот